Во Русија по грешка регистриран првиот истополов брак

30.01.2018 | 10:41
Прочитано: 1163

Геј двојка успеа да го регистрира својот брак во Русија, прв во руската историја, но Министерството за внатрешни работи тоа го објасни како „бирократска грешка“.

Русија не признава истополови бракови и има усвоено закон против „ширење геј пропаганда" меѓу малолетници. Па така, Павел Сточко и Јевгениј Војцеховски со својата изјава дека официјално стапиле во брак, предизвика бурни реакции во јавноста.

Двојката се венчала во Данска, и тие своите пасоши ги поднеле до канцеларија на руски матичар, каде службеникот без проблем им ставил печат со кој и потврдил дека се венчани.

Меѓутоа, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во меѓувреме нивните пасоши се повлечени, и дека службеникот кој ставил печат, ќе добие отказ.

Руската ЛГБТ Мрежа, која се залага за геј права, ја извести јавноста дека штотуку венчаните ја напуштиле Русија, поради страв за својата безбедност по притисокот на властите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.