Во Валандово референдум за рудникот Казандол

20.08.2017 | 17:41
Прочитано: 1569

Над од 35  од сто од запишаните валандовчани со право на глас  во единствениот избирачки список излегле на референдумско изјаснување до 17 часот за или против отворање рудници но и за или против работата на комплексот Казандол. Од ОИК комисија информираа дека не се евидентирани нарушување на гласачките места кои утрово биле отворени на времено.

„Во општината има 24 избирачки места, сите избирачки места се отворени во 07:00 часот без никакви проблеми и до сега не е нарушено референдумското изјаснување на граѓаните. Имаме 10.141 избирач“, вели Илчо Танчев – претседател на ОИК

Валандовчани денеска се изјаснуваа на гласачките места, според своите убедувања. Сметаат дека ова референдумот како форма е одлична можност  да се слушне гласот на народот за прашања кои се може д се рефлектираат врз економскиот  развој и животот на граѓаните во ова општина.

„Очекуваме да се изјаснат граѓаните, дали сме за или против рудници“
„Народот треба да се слуша, тука политиката не треба да завладее, никако“, велат некои од жителите на Валандово.

Референдумот во Валандово е резултат на граѓански активизам.За негово одржување валандовчани собираа потписи  откако советот се прогласи за ненадлежен. Сметаа дека граѓаните се тие кои треба да кажат дали во нивната општина треба да има или не тешка и загадувачка индустрија.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.