Воени лица учествувале во упадот во собранието?

18.05.2017 | 20:24
Прочитано: 29470
Министерството за одбрана и Г.Ш на АРМ да покренат дејствија против нивните вработени кои учествуваа во настаните од „Крвавиот четврток“ а кои ги регистрираа и камерите, велат експертите.  
Поранешниот Генерал во АРМ, Илија Николовски, објаснува дека подеднаква одговорност да реагираат имаат и армијата и министерството бидејќи во учесниците се спомнуваат и имиња на потполковници, професори на воена академија, водници и други вработени.
 
Николовски вели, прекршени се повеќе одредби за дисциплинска одговорност и по Законот за административни службеници, но и по Законот за служба во АРМ.
 
„Генерал штабот, Министерството за одбрана и воената академија чиј претставници се регистрирани од видео камерите и идентификувани од некои лица, сè уште се немаат ни огласено да ги осудат постапките и активностите на своите вработени.“, изјави Илија Николовски, поранешен генерал во АРМ.
 
Меѓу имињата кои излегоа во јавноста, а беа забележани и на камерите и сликите беа потполковниците Андреј Илиев, како и други вработени во министерството.
 
Од Г.Ш во АРМ пак велат дека:
 
„Во случај на утврдување на одредена одговорност на припадници на Армијата на Република Македонија, кои се поставени на формациски места и извршуваат должности во командите и единиците на АРМ, ГШ на АРМ постапува согласно предвидените ингеренции и надлежности на ГШ на АРМ за покренување на постапка за одредената одговорност според важечките одредбите од Законот за служба со кои се регулира оваа материја.“
 
ТВ 24 побара одговор и од Министерството за одбрана од каде велат дека го осудуваат насилството но велат не се институција која треба да ја утврдува вината на граѓаните.
 
„Министерството за одбрана го осудува секое насилство и ги поддржува сите постапки и процедури кои ги преземаат надлежните институции, согласно законите во Република Македонија. Министерството за одбрана како институција не е вклучена во процесот на утврдување на вина кај граѓаните, по каков било основ и во таа насока Министерството се оградува од каков било коментар по постапките кои се водат во ОЈО и судовите во Република Македонија.“
 
Поминаа веќе 20-тина дена од инцидентите во собранието но до сега ниту од Г.Ш ниту од Министерството а одбрана не превзема било какви дејствија против вработените во овој сектор а кои камерите ги регистрираа како учесници во „Крвавиот четврток“. 

Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.