Војводата и војвотката од Кембриџ по трет пат ќе станат родители

05.09.2017 | 09:45
Прочитано: 1972

Кенсингтонската палата соопшти дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт го очекуваат третото дете. Во соопштението се вели дека кралицата Елизабета и семејствата на таткото и мајката, се задоволни од идната принова во кралското семејство.

Вилијам и Кејт имаат две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Медиумите во Лондон потсетуваат дека со двете свои претходни бремености Кејт имаше проблеми, со мачнина и повраќање, па затоа таа уште од денеска ќе се повлече од сите активности.

Принцот Вилијам е вториот во редот на претендентите на британскиот престол по неговиот татко, престолонаследникот Чарлс. Кладилниците веќе се отворени за обложувања за името на идниот принц или принцеза. Засега најголеми фаворити се Викторија за женско и Алберт за машко.

Зад него се неговите две деца, синот и ќерката, а по раѓањето на третото дете тоа ќе биде петтиот во редот на претендентите, сите пред помладиот брат на Вилијам, принцот Хари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.