Вработените од „Фени“ ги прекинаа блокадите, чекаат ноемвриска плата

06.12.2017 | 12:35
Прочитано: 1013

Вработените во кавадаречки „Фени“ денеска  ги прекинаа блокадите на патиштата. Очекуваат да им биде исплатена ноемвриската плата.

Во моментов синдикатот води преговори да се најде начин како да се исплати октомвриската плата со што вработените би добиле здравствено осигурување.

Преку соопштение се огласи и стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски кој вели дека доверителите подносители на пријавата за стечај, ги депонирале потребните средства на сметката на „Фени индустри“.

Стечајниот управник најавува дека прво ќе почнат да се исплаќаат плати на вработените, ќе немаат прекин на стажот и дека целосно ќе бидат заштитени нивните права. Велешкиот суд минатата недела прогласи стечај за комбинатот. Во меѓувреме тече рокот за пријавување на побарувања од „Фени“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.