Втор триумф за Вардар на патот кон одбрана на титулата, во Скопје покорен Нант (27-23)

23.09.2017 | 19:35
Прочитано: 1173

Два од два за Вардар во ракометната Лига на шампиони Црвено- црните сигурно чекорат на патот кон одбрана на титулата.

Вечерва во „Јане Сандански“, вардарци триумфираа против француски Нант, тимот во кој настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров со 27-23.

Откако триумфираше кај Висла во првото коло, Вардар потврди дека има големи амбиции за одбрана на титулата и на домашен паркет.

Сигурни реализации и цврста одбрана, дополнето со одлични интервенции на големиот Арпад Штербик. Резултатот прво го отворија гостите, но тоа беше единственото нивно водство во текот на целиот меч.

Вардар стигна и до плус четири на полувремето, а можеше да биде и повисоко. Во вториот дел домаќинот направи неколку грешки, кои Нант ги искористи и се доближи на гол негатива, но по тајм-аутот Вардар ги консолидираше своите редови и го промени ритамот.

Во самата завршница црвено-црните направија позитива од три гола, следуваше повреда на Канељас, па тимот од Франција намали на минус еден.

Но не го искористија нападот за израмнување, па Вардар настапи на сцена и го осигура својот триумф 27-23. Во следното коло од Лигата на шампиони, Вардар повторно игра на домашен терен, во „Јане Сандански“ на први октомври гостува екипата на Загреб.


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.