Вучиќ најави нова фаза во дијалогот за Косово

13.09.2017 | 17:59
Прочитано: 1174

Наредниот месец ќе почне нова фаза од дијалогот за Косово и Метохија, порача Српскиот претседател Александфар Вучиќ во вонредното обраќање до нацијата. Во говорот, кој поголем дел беше посветено на односите со Приштина, Вучиќ напомена дека Косово е од суштинска важност и дека е иднина на Србија. Сепак напомена дека досега Белград само кажувал што не сака и дека немал никаква официјална политика по ова прашање.

„Тој дијалог треба да се одвива на повеќе нивоа. Треба да биде сериозен и одговор и да имаме јасни цели. Мораме да размислиме за тоа што ќе правиме со нашите односи и со нашите планови со Косово и Метохија. Затоа ни е потребен што поголем консензус.“ - изјави Вучиќ.

Српскиот претседател најави и дека следниот период ќе биде објавен извештај за досегашниот тек на преговорите за Косово, во кој ќе бидат презентирани резултатите од разговорите кои се одвивале во изминативе три години. Потенцираше дека резултатите од дијалогот што се води со посредство на Брисел се постигнати по тешки преговири.

„Дали некој од вас смета дека некогаш ми било убаво кога ќе седнам со Тачи, Могерини, Кетрин Ештон? Не се сеќавам на ниту еден убав момент. Веќе имам Павлов рефлекс. Секогаш чувствувам мачнина кога ќе ме повикаат од Брисел, бидејќи знам дека ништо убаво нема да се случи.“ - изјави Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Српскиот претседател меѓудругото ја поддржа одлуката на Српската листа да биде дел од новата Косовска влада пред се бидејќи со тоа ќе се заштитат интересита на српската заедница во Косово. Според Вучиќ, претставниците на партијата имале три избори, да коалицираат со Албан Курти и неговата партија Самоопределување која отворено се залага за создавање на голема Албанија, да коалицира со Рамуш Харадинај за кого напомена дека за Србија тој и понатаму останува воен злосторник или пак да одлучат да не коалицираат со ниту една партија, но во тој случај србите би изгубиле најмногу. Во својот говор Вучиќ се осврна и на работата на премиерката Ана Брнабиќ за која вели дека ја има неговата целосна поддршка и ги отфрли критиките на опозицијата дека владата е одговорна за доцнењето на платите во одредени фирми како неосновани.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.