Yahoo заминува во историјата, се преименува во Altaba

10.01.2017 | 12:47
Прочитано: 6542

Интернет гигантот Yahoo престанува официјално да постои. Новото име на компанијата ќе биде Altaba, a досегашната извршна директорка Мариса Маер поднесува оставка.

Одлуката за заминување на Yahoo во историјата е потврдена во извештајот на компанијата кој таа го испрати до американските регулатори.

Во извештајот се наведуваат точните планови како Verizon ќе го преземе Yahoo. Да се потсетиме, Yahoo беше продаден за 4,8 милијарди долари. А кога ќе се заврши целиот процес на преземање, кога ќе биде предаден, мејлот, веб страните, мобилните апликации и рекламните алатки, компанијата ќе го добие новото име – Altaba.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Yahoo во холинг компанија зa инвестирање во кинескиот лидер во елeктронска трговија, Alibaba Group, и компанијата Yahoo Japan, кои заедно вредат повеќе од 40 милијарди долари.

Исто така се наведува дека досегашната шефица на Yahoo, Мариса Маер, ќе ја напушти таа функција по спојувањето.

Покрај Мариса, од компанијата ќе заминат уште неколку долгогодишни директори – коосновачот на „Yahoo“, Давид Фило и уште четири директори кои во моментов се во Управниот одбор.

Причините за заминувањето, како што изјавија, немаат врска со несогласувањата во самата компаниja или некоја нејзина филијала.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.