Забранет спот од предизборната кампања на српскиот премиер Вучиќ

18.03.2017 | 14:12
Прочитано: 7160

Советот на регулаторното тело за електронски медиуми во Србија во петокот им наложило на медиумите во рок од 24 часа да престанат со емитувањето на предизборен спот на актуелниот премиер и претседателски кандидат Александар Вучиќ. 

Спотот е забранет поради тоа што го крши законот за огласување со кој се прецизира дека „огласната порака не смее да содржи изјави или визуелно претставување кое може да се смета како навредливо“.  
 
Според регуларното тело, спотот на претседателскиот кандидат е забранет без оглед на тоа што во случајов конкретното скандирање е целосно индивидуализирано.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.