Заев - Алтхаузер: Нова силна влада посветена на реформите, која ќе води реална политика!

11.01.2017 | 18:08
Прочитано: 8237
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Кристине Алтхаузер амбасадорката на Р. Германија во Македонија. тема на разговорот беше потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и формирање нова, силна, посветена влада кон реформските приоритети. 
 
„Мнозинството граѓани на македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. режимот е срушен со пенкало и глас. Исто така, силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. граѓаните избраа промени. сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата.“ - рече претседателот Заев.
 
На средбата беа посочени како клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард прибе. разговарано беше  посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата сјо целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава.  Претседателот Заев оцени дека во Македонија е завршено времето на политичари кои владеат со провокации и реторика на конфликт и навреди кон домашната и меѓународната јавност, како и дека доаѓа време на реална политика во Македонија исклучиво во интерес на граѓаните и на евроатлантските перспективи.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.