Заев на средби во Брисел со Јункер, Тајани, Могерини и Хан

06.12.2017 | 17:58
Прочитано: 1016

Напредокот на Македонија и можноста земјата да добие препорака за почеток на преговорите со Европската унија ќе биде измерен со спроведувањето на реформите кои се вклучени во препораките на Прибе.

Ова е главната порака која ја пренесоа члениците на унијата на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев кој е во дводневна посета на Брисел. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарот Хан кој од Јункер беше преставен како подржувач на Македонија и на Заев велат дека се оптимисти за напредокот на земјата.

„Би сакале да ја охрабриме ПРЈМ да продолжи со работата, напредокот во изминатите месеци е неверојатен, подобрувањето на односите со соседите е важен, очекуваме реформскиот процес да продолжи.“ - изјави Изјава Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија.

„Важно е сите чинители во земјата да застанат зад овие напори, важно е да се постигне консензус со опозицијата во собранието за да се има подршка за оваа национална цел за европската перспектива“ - изјави Јоханес Хан, еврокомесар за проширување.

Премиерот Заев порача дека владата ги спроведува реформите од планот 369 според предвиденото и дека очекува Македонија да биде дел од следното проширување на унијата.

„Сите одреденици од планот досега успешно и интензивно ги исполнуваме веќе пет месеци. Клучни области во кои најмногу вложуваме енергија се оние кои  беа утврдени како приоритетни во извештајот на високата експертска група на Прибер поддржана од Европската комисија, а тоа е правосудството, реформа на разузнавачките служби, во јавната администрација и засилување на независните регулаторни тела и медиумите“ - изјави Зоран Заев, премиер на Република Македонија.

Премиерот Заев меѓу останатите во Брисел се сретна и со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, а вечерва Заев продолжува во работна посета на Република Бугарија.


Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.