Заев: Oд седум позиции во преговарачкиот процес, приближување во ставовите има во три

14.02.2018 | 14:04
Прочитано: 3440

 

Oд  седум појдовни позиции во преговарачкиот процес, за три има  приближување во ставовите, а за четири се уште се преговара, рече премиерот Зоран Заев.

Тоа според него практично значи дека речиси половина од точките по кои се преговара се затворени, а според него  тоа биле  најлесните точки. Премиерот останува на ставот дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки. Заев вели дека на вчерашниот состанок меѓу министрите Димитров и Коѕијас во Виена, официјално почнаа преговорите, а досегашните напори водеа кон градење на доверба.

Сепак според Заев, доколку се најде решение граѓаните ќе го имаат последниот збор, преку референдум.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.