Загадувањето урива рекорди

15.12.2017 | 19:12
Прочитано: 887

Владата го намалува прагот на алармирање за енормната загаденост. Од денеска доколку концентрацијата на ПМ-10 честичките во воздухот е над дозовлените 200 микрограми на метар кубен, во текот на два последователни дена наместо досегашните 5, на сила стапуваат вонредни мерки.

„Министерството за животна средина и здравство се должни да ги ослободат од работа бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста. Да го реорганизираат на рабтоното време – лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот. Да забранат одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено. Да ги зголемат на активностите на брзата помош, домашната посета и патронажната служба.“

Единиците на локалната самоуправа пак се должни:

„Да ја намалат цената на билетот на градскиот превоз и да овозможат бесплатен јавен превоз како поттик за граѓаните.  Да ја зголемат фреквенцијата на автобуси на ЈСП на сите дестинации. Дневно да ги чистат улиците и пешачките површини. Да ги золемат инспекциите на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла. Обуките на авто-школите да се спроведуваат од 09.30 до 14.30 и по 18.00 часот. Да издаваат одобренија за дотур на роба во забранети зони за сообрачај со важност до 7.30 часот наутро.“

Што се однесува до градежните компании пак, должни се:

„Да користат вода за намалување на прашината при градежна активност. Имаат обврска градежните машини да се пренесат до градилиштата до 07.30 часот наутро.“

Државниот инспекторат за животна средина:

„Да го следи ограничувањето на емисиите на  индустриските капацитети со А и Б дозвола. Да се спроведат контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанци во воздухот и да се утврди дали ги почитуваат пропишаните стандарди и истите ќе добијат препорака да го намалат производството за 50%“

Министерството за внатрешни работи пак да ја активира и да ја спроведе:

„Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР да се користи обиколницата.“

Владата ги задолжува:

Ги задолжува сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, јавните претпријатија да ја ограничат употребата на службените возила за 50%
Ограничување на работите на објектите каде што се гради.

Мерките се донесени на денешната 42-ра седница на Владата и стапуваат на сила од денеска.

„Претходно било 5 дена за да ве информираат вас медиумите, а 10 дена требалои да бидат да се имплементираат овие мерки. Никогаш не биле имплементирани овие мерки. Сега имаме два дена да бидеме над 200. Сите овие институции имаат обврска да ги исполнат.“ - вели Миле Бошњаковски – портпарол на Влада.

Од Владата информираат дека освен овие мерки ја разгледуваат и можноста да направат интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, маски со филтри за прочистување како и набавка на прочистувачи за воздух за училиштата, здравствените центри и градинките.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.