Загина Никола Младенов

27.03.2013 | 22:00
Прочитано: 102919

Без видливи траги од кочење, низ мала дупка на банкината, со голема брзина излетал новиот автомобил Мерцедес на сопственикот на Фокус Никола Младенов, синоќа на клучката кај Хиподром на влезот во Скопје.

Неговото тело и автомобилот полицајците го нашле околу 13 часот дента, по неколкучасовна претрага, по пријава на сопругата на Младенов, која кажала дека нејзиниот сопруг не се вратил дома ноќта.

Од полицијата засега не кажуваат дали знаат и кои се причините за загинувањето на Младенов. Велат резултати ќе има по истрагата и вештачењето.

Инаку за време на полицискиот увид на новинарите не им беше дозволен пристап до местото на несреќата, со оправдување дека таква наредба дал истражниот судија. По 7 часовоно чекање, камерите можеа набрзина од блиску да снимат што останало од автомобилот на Младенов. Инаку местото каде возилото излетало од патот е преполно со гранки и трње и затоа полицијата претпоставува зошто никој цела ноќ и утрово не го видел автомобилот и телото на Младенов.

Извлекувањето на автомобилот траеше со часови бидејќи возилото беше оддалечено десетици метри од патот, превртено на покрив. За да се извлече екипите мораа да исечат дел од банкината и од автомобилот за да го качат на шлеп службата. Телото  на Младенов кое претходно е извадено од автомобилот претходно е однесено на институтот за судска медицина на обдукција.

Од полицијата велат дека сега ќе проверат дали причината за смртта е техничка неисправност на возилото, здравствен проблем, дали можеби на возилото намерно е направена некоја неправилност, или дали во инцидентот имало и друго возило.

Никола Младенов беше долгогодишен новинар, основач и главен уредник на неделниот и дневен весник Фокус. Погребот на Малденов ќе биде утре во 14 и 30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

 


Сеад Ризвановиќ

Коментари (39)

Анонимен

edinstven vesnik koj imase hrabrost da napise nesto za bilo koj kriminal zatoa sto skoro site drugi mediumi se veke kupeni od vlasta.....steta

11

Анонимен

ova udar vrz slobodnoto novinarstvo vo Makedonija

11

Анонимен

Навистина голема загуба, нека почива во мир. Човекот слободното изразување го чинеше живот. Чудни работи им се случуваат на противниците.

11

Анонимен

kolku e opasen ovoj mafijaski rezim pokazuva ova klasicno mafijasko ubistvo.

11

Анонимен

Zalno, drzava ne se gradi so cistki, namesteno e, sramota!!!!

11

Анонимен

dosta so vakvi komentari sramota e sto zborite gluposti ,neka mue lesna zemjata ,zalno za mlad i uspesen covek

11

jas

Ogromna zaguba za makedonskoto novinartsvo i demokratijata na Makedonija.
Neka mu e lesna zemja

11

Bobo

Го утепаа човекот...

11

Анонимен

stvarno e ova demokratija eden od najdobrite novinari "zagina" i najmalku 10 casa bese potrebno da MVR koja raboto 24/t ili da go pronajdat vo mercededsot so najsovremeni kompjuterski sistemi i GPRS SRAMOTA

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.