Закон за употреба на јазици

13.02.2018 | 17:33
Прочитано: 1712

Дали сите 35 569 поднесени амандмнаи за законот јазици ќе се најдат на седница. Извори од мнозинството тврдат дека нема и дека  најголем дел од нив ќе бидат отфрлени како неуредни, ова според извори во мнозинството ќе биде стратегијата на власта со која дебата  за законот за јазици ќе има, но таа нема да трае со денови и не за сите амандмани.

Амандманите кои ќе преостанат ќе се групират тсо што дополнително ќе се скартила дебатата. Дека сценариото за отфрлање дел од амандманите како неделовнички  е во игра индиректно порача во 24 аналзиа и вицепремиерката во Владата.

„Сметам дека најголемиот дел од тие амандмани не се амандмани кои во оваа фаза може да бидат дадени, но не сакаме да ја правиме истата грешка. Очекуваме дека ќе се најде решение во Собранието“ - изјави Радмила Шеќеринска 09 02 2018

Опозицијата децидна отфрлувањето на дел од амандманите би било класично кршење на деловникот и уставот, особено велат, бидејќи во фаза кога се веќе се објавени на е-парламентот, односно влезени во процедура и тоа е невозможно. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ако амандманите биле неуредни требало да се вратат на доработка уште при поднесувањето. Од ВМРО-ДПМНЕ со предупредување до власта – не барајте подршка за двотретинските закони, ако ни го ускратувате правото на дебата.

„Секое незаконско постапување, повлекува незаконски одговор. Доколку на Власта и се брза за законот за употреба на јазиците и не дозволи дебата за амандмнаите, тогапш и Претседателот на државата не треба да го потпише решението донесено во незаконска постапка. Мнозинството треба да размисли дека доколку бара поддршка од наза за системските закони не може да ни го скрати правото на  собраниско делување. Зошто во ваков случај би постоело Собранието“ - вели за тв 24 висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека Собранието се подготвува ад се стави во функција потврдува и фактот што по вчерашната координација кај собранискиот претседател Талат Џафери, пратеничката група на СДСМ и колаициајта добиле известување дека нивното присуство во Собранието од понеделник е неопходно. Пратениците не добиле детали која се седница ќе биде закажана. Процесот во собранието го следат и дел од дипломатите, според нив и покрај крајно дијаметралните најави од власта и од опозицијата очекуваат дека на крајот од денот ќе мора да се најде политичко решени, што според нив би значело Заев и Мицкоски да седнат на маса.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.