Законот за јазици и министерските интерпелации на собраниска седница

13.09.2017 | 14:07
Прочитано: 977

Откако ги помина комисиските филтри на Комисијата за европски прашања и Комисијата за политички систем и односи со заедниците  Предлог - законот за употреба на јазиците кој е со европско знаменце  се најде  на 15-тата собраниска седница.

На самиот почеток на седницата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се симне од дневен ред, бидејќи според нив процедурата за донесување на овој закон била прекршена во неколку наврати. Но со  60 гласови против ваквиот предлог на ВМРО ДПМНЕ беше одбиен.

Покрај Законот за употреба на јазиците, на маса  пред пратениците за расправа ќе се најдат и  интерпелациите на министрите Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.