Ждрепка, ЛШ: Мадридско дерби во полуфиналето

21.04.2017 | 13:23
Прочитано: 1617

Денеска во Нион се одржа извлекувањето за полуфиналните двојки во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Ждрепката посака во полуфиналето да гледаме шпанска пресметка. Суперинтересн двомеч ќе гледаме помеѓу актуелниот шампион и бранител на европската круна, Реал Мадрид и градскиот ривал Атлетико. Во второто полуфинале француската сензација Монако за противник го има италијанскиот шампион Јувентус. 

Првите наттпревари од полуфиналето ќе се одиграат на 2. и 3. мај, додека возвратните се предвидени за седум дена подоцна. Големото финале се игра во Кардиф на 3 јуни.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.