ЗОИ 2018: Женскиот боб-тим на Јамајка може да остане без санка

14.02.2018 | 19:25
Прочитано: 3244

астапот на женскиот боб-тим на Јамајка, кој треба да дебитира на Зимските  олимписки игри во Пјонгчанг, е ставен под знак прашање, откако поради протестот на тренерот Сандра Киријазис може да остане без санка.

Германката Киријазис, која е повеќекратна светска шампионка и освојувач на злато од Торино во 2006 година, смета дека е исфрлена од тимот со тоа што ѝ е сменета улогата. Меѓутоа таа исто така смета дека е правно одговорна за санката и дека поради тоа ќе ја одземе, па тимот нема да има со што да се спушти низ стазата и да се натпреварува.

- Никогаш во животот не сум имала вакво разочарување во овој спорт, вели Киријазис.

Таа според договорот требала да биде тренер на тимот, но од Јамајканската федерација е прераспределена во аналитичар на патеката, што би значело да нема пристап до натпреварувачките.  Киријазис потенцира дека е одговорна за санката, бидејќи самата ја набавила благодарение на своите познанства.

- Членовите на екипата не разбираат зошто се случи ова и немаат проблем со мене. Ние сме во добри односи, нагласува таа.

Јамајка е позната по тоа што нивниот машки боб-тим имаше легендарен дебитански настап на Игрите во Калгари во 1988 година, а 30 години подоцна во Пјонгчанг има шанса да дебитира и женската екипа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.