Зоолошка во Сингапур претстави над 500 младенчиња кои се родиле минатата година

12.01.2018 | 11:35
Прочитано: 581

Во зоолошката градина во Сингапур денеска биле претставени над 500 младенчиња кои дошле на овој свет минатата година, а меѓу нив има и многу загрозени видови.

Овие животинчиња спаѓаат во 145 видови, од кои повеќе од една четвртина се загрозени. Меѓу нив е и Ханса, женка орангутан од Борнео, родена лани во април. Сликите од неа воодушевија многумина.

Зоолошката во Сингапур има и парк со птици, како и река, а се организираат и ноќни сафари тури.

Се работи за четвртата најдобра зоолошка градина на светот, според интернет водичот „Трипадвајзер“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.