Едмонд Адеми, советник за надворешна политика на премиерот Заев во 24 анализа рече дека ова е историска победа на Бајден и Харис, како прва жена потпретседател. Тимот кој го состави Бајден со луѓе со искуство, ќе мора на две линии да работи.
„Ќе мора паралелно да работи на надворешното и внатрешното помирување. По четири години на крајот на неговиот мандат, ќе бидеме сведоци на враќање на многу процеси. Историски не бевме навикнати да следиме ситуации во администрацијата на Трамп.“ - рече Адеми.
Адеми смета дека одлуките на Бајден ќе допринесат за нормализација на Америка во светско ниво. Факт е дека е голем предизвикот на новата администрација.
Во однос на американската политика кон регионот, САД имаат констна поддршка кон Балканот. Ја познаваат добро Македонја и не треба да се грижиме во тој дел, на односот на Америка кон нас. Тој смета дека американската администрација била доста јасна во декември околу одржувањето на првата меѓувладина конференција и дека Рикер и Палмер имаа јасни позициии дека Америка е разочарана од моментот и дека прашањњата меѓу две земји не смее да се билатерилиза.
„Не се сложувам дека Бајден нема да има интерес, но имињата и луѓето што се кај Бајден, ми даваат надеж дека администрацијата ќе биде вклучена на Балканот.“ - вели Адеми.
0 Коментари