Акција на полицијата и единицата за брзи интервенции во скопско Визбегово
Foto

Акција на полицијата и единицата за брзи интервенции во скопско Визбегово

Вечерва организирана акција на полицијата и единицата за брзи интервенции во скопско Визбегово. Приведени се неколку лица во чие возило била пронајдена поголема количина марихуана.

Според информација на телевизија 24, се работи за околу 50 килограми марихуана која била откриена во автомобил на улицата јадранска магистрала во скопско Визбегово.

Операцијата за откривање се случила во близина на еден од рестораните покрај патот. Марихуаната веќе е запленета, а лицата се приведени.

МВР повеќе детали за случајот ќе открие во текот на утрешниот ден.

0 Коментари

Остави коментари