Амбасадорот на Турција во земјава го оправдува претварањето на Аја Софија во џамија
Foto

Амбасадорот на Турција во земјава го оправдува претварањето на Аја Софија во џамија

Не стивнуваат реакциите по промената на статусот на Аја Софија откако Вишиот управен суд  во Турција донесе одлука музејот повторно да биде џамија.

Откако денеска и турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу се повика на оваа одлука но и посочи дека УНЕСКО ќе биде информиран денеска и Амбасадорот на Турција во Македонија Хасан Мехмет Секиз - ќок посочи дека одлуката е донесена согласно сите институционални прописи и нема што повеќе да додаде од досега кажаното и на турскиот претседател Ердоган.

Во меѓувреме и грчките медиуми ги пренесуват реакциите на европската и меѓународната заедница потенцирајќи дека Министрите за надворешни работи на Европската Унија ја критикуваа Турција поради неколку причини, меѓу кои и промената на статусот на Аја Софија од музеј во џамија, пренесува „Екатимерини“.

На нивната прва средба лице в лице по повеќе месеци, министрите планираат да заземат поцврст став за Анкара, иако не се очекувааат итни мерки, пишува грчкиот весник.

Во меѓувреме и најмоќните светски сили меѓу кои и САД и Русија побараа од турскиот претседател Ердоган да ја смени одлуката. Наспроти ова, вчера во Истанбул пред Света Софија се собраа група на верници кои изразија воодушевеност од одлуката на турскиот претседател и судот.

Во синоќешното обраќање Ердоган кажа дека речиси 1.500 години старата исторска градба, досега под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, ќе остане отворена за сите, но додаде дека Турција има суверено право да го смени статусот на Света Софија во џамија и дека критиките кои ѝ пристигнуваат поради тоа ќе ги толкува како напад врз својата независност.

Реакција за оваа одлука веќе имаше и од УНЕСКО од каде деновиве неколкупати беа испратени писма и до официјална Анкара.  Света Софија во 1985 година е прогласена за споменик на Светското културно наследство на УНЕСКО.

0 Коментари

Остави коментари