Апелација одлучи за гаранцијата на Катица Јанева
Foto

Апелација одлучи за гаранцијата на Катица Јанева

Скопска Апелација одлучи дека Кривичниот суд повторно треба да одлучува дали Катица Јанева ќе биде пуштена од притвор со гаранцијата од недвижност во три стана.

Од Апелација за ТВ 24 велат дека укинато е решението со кое судија на претходна постапка го отфрлил барањето на Јанева за гаранција и даваат упатство Кривичниот совет да одлучува по таквото барање уште еднаш.

Препораката на Апелација е дека судијата не смеел да го отфрли барањето, туку ако сметал дека ако не постојат основи да ја напушти Шутка со гаранција, требало да ја одбие или да ја испитува основаноста на нејзиното барање.

0 Коментари

Остави коментари