Борба со корупција
Foto

Борба со корупција

Во големиот план за борба против корупцијата да не се заборави на проблемот со партиски вработувања, порачуваат антикорупционерите. Деталите од владиниот план не ги знаат, затоа што не им биле доставени, вели претседателката Билјана Ивановска.

Сите нивни заблешки ги испратиле до вицепремиерот Љупчо Николовски со кого имаат редовна комуникација и очекуваат владата да ги спроведува. 

Дел од невладините кои биле консултирани имаат големи очекувања бидејќи за прв пат некоја Влада прави план за борба против корупцијата. Ќе видиме дали одговорно ќе се спроведува се што е најавено, вели претседателката на Транспаренси интернешнал-Слаѓана Тасева

Акцент е ставен и на дигитализацијата во институциите. За овој процес во судовите прва помош треба да пристигне од неколку амбасади, останатото ќе оди преку Буџетот. Планот е да се укинат хартиените изводи од матичните служби, вмрежување на инспекторите во дигиталните бази.

Со новиот план против корупција ќе се решаваат остатоците од минатиот режим, најави премиерот Зоран Заев. Ги охрабри граѓаните да ги пријавуваат митаџиите по институциите, каде што ќе биде назначено по едно лице да ги прибира забелешките од укажувачите. Овие ветувања не се доволни за опозицијата, бараат одговорноста да почне од владиниот врв. 

- Нема постапка ниту за Ден Дончев кој видовме како става туциња пари во торба и рекетира фирми. Заев мисли дека со неговата оставка го спасил и него и себе, а заборава дека еден ден и двајцата ќе одговараат. Нема предмет ниту за криминалот од половина милијарда евра, кој се случи со пропаѓањето на Еуростандард банката и давањето на маркица за ШИК ЈЕЛАК.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Колку вработени во обвинителствата се потребни, како ќе се екипираат истражните центри кои треба да имаат резултати со  побројни и поголеми финансиски истраги во 23 обвинителства, се прават анализите, велат од Обвинителството за ТВ24. Во последниот објавен извештај за 2019-та година е констатирано дека во службата потребни повеќе од 700 вработувања.

0 Коментари

Остави коментари