Борисов позитивен на коронавирус
Foto

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на Ковид-19, напиша Борисов.

„Чувствувам малаксаност,  во моментот, по проценка на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека со почитување на мерките, заедно ќе се справиме, додаде Борисов.

Во саботата, по два негативни тестови ПЦР теста, карантинот на Борисов беше укинат од РЗИ-Софија.

0 Коментари

Остави коментари