Ботас победи во Сочи, Хамилтон доби казна и заврши трет
Foto

Ботас победи во Сочи, Хамилтон доби казна и заврши трет

Валтери Ботас ја прекина доминацијата на Хамилтон оваа сезона и се истакна како победник на трката за големата награда на Русија. Втор заврши Макс Ферстапен, а носителот на пол-пизицијата, Луис Хамилтон, мораше да се задоволи со третото место. 

Падот на Хамилтон од челното место почна да се крои уште пред почетокот на трката, кога тој на непрописно место правел тест-старт. Поради тоа доби казна од 10 секунди, која ја одработи при првото влегување во боксот, во 17-от круг. Кога излезе беше 11-ти и до крајот успеа да стигне до најниското место на подиумот. 

Во меѓувреме, напред Ботас остана непречен од никого, со сигурна предност во однос на Ферстапен, кога го претекна уште на стартот и рутински ја одработи својата втора победа во Сочи, втора оваа сезона, а деветта во кариерата. Бидејќи извозе и најбрз круг, Ботас освои вкупно 26 бода од оваа трка, со која дојде до 161 и ја намали предноста на Хамилтон, кој сега има 205. Следната трка се вози на Нирбургринг за две недели.

0 Коментари

Остави коментари