Димитровски за тв 24: Бајден не е човек кој сака да пресече преку ноќ и да се конфронтира
Foto

Димитровски за тв 24: Бајден не е човек кој сака да пресече преку ноќ и да се конфронтира

Зоран Димитровски поранешен надворешно политички новинар и актуелен заменик министер за локална самоуправа во 24 анализа смета дека САД како светски лидер беа пример каде треба да се движи западната цивилизација. Тие се промотори на демократијата и во времето на Трамп, тие димензии на водството на Америка се замаглија и со Бајден треба да се врати таа надеж.

„Вистината наспроти лагата. Она шт го имаме денес во Америка не е розово, имаме длабоко поделено општество. Има приврзаници на Бајден, а друг дел му верува на Трамп. Ќе биде многу тешко сега кога во Конгресот има членство и гласачи на Трамп кои веруваат дека Бајден дошол на власт со фалсификат.“ - вели Димтровски.

Тој смета дека тоа тешко ќе се надмне и дека Трамп не се откажува од битката на судско ниво и сега ќе ја продолжи на политичко ниво. Можно е Трамп да направи нова партија, а на Бајден ќе му биде тешко да го оствари она за што се залагаше. Тој е човек со искуство на дипломатија и комуникација и не е човек кој сака да пресече преку ноќ и да се конфронтира.

„Тој сака да гради сојузништва и пријателства и тоа ќе преовладува во неговата идна комуникација, двете партии да ги доведе на иста на маса.“ - вели Димитровски.

Иако се надевавме на поддршка од Германија за членство во ЕУ, тоа доживеа дебакл и сега со администрацијата на Бајден, сега има нова енергија. како што изјави Џемс Пердју кој беше преговарач за Охридскиот рамковен договор и амбасадор во Софија, сега е време да престане да се малтретира Македонија.

„Во тимот на Бајден има тим кој добро ги познава проблемите на Македонија и сметам дека ќе инсистираат на решение кои ќе бидат растоварено од некакви историски фантазми. Ќе има таков притисок од САДи ќе даде дополнителен импулс и ќе доминира во таа состојба и ќе доведе до решение кое нема да биде нан наша штета.“ - вели Димитровски.

0 Коментари

Остави коментари