Директорот на неврохирургија нов заменик министер за здравство
Foto

Директорот на неврохирургија нов заменик министер за здравство

Владимир Рендевски, актуелниот директор на клиниката за неврохиругија ќе биде заменик министер за здравство, Филип Поповски од КБ пензиско друштво новиот заменик во министерството за финансии, додека пак во министерството за информатичко општество и администрација, останува Александар Бајдовски.

Ова се  дел од решенијата за заменици министри  за кои вечерва Димитар Ковачевски ги информирал сопартијците на Централен одбор.  Сопартијците му дале овластување да преговара и  за останатите кандидати за заменици министри кои ќе бидат од коалицијата.

0 Коментари

Остави коментари