Драма во општина Карпош и тежок инцидент поради нерасчистени емотивни релации на двајца вработени
Foto

Драма во општина Карпош и тежок инцидент поради нерасчистени емотивни релации на двајца вработени

Двајца вработени во Општина Карпош  се избркани од работа откако вчера со нивните сопружници се тепале во близина на Општината.

Станува збор за вработена во Секторот за поддршка за Советот на Општина Карпош и нејзин колега од Сектор за човечки ресурси. Кавгата започнала најпрво меѓу вработената во Општината и сопругата на нејзиниот колега. Потоа се придружиле и сопружниците при што настанала тепачка, а вработениот во Општината го нападнал мажот на неговата колешка со остар предмет.

Од Општина Карпош велат дека настанот се случил во близина на Трговскиот Центар „Лептокарија“, а не во просториите на Општината и дека случајот е пријавен во полиција, била повикана и Брза помош.

„Станува збор за лица кои се вработени со договор за привремено ангажирани службеници. Вработените ги повредија сите етички стандарди и норми за професионално и одговорно работење. Оттука, Општина Карпош донесе одлука за прекинување на договорите за вработување на лицата кои беа дел од настанот.“ - велат од општината.

 лучајот го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи. Вчера во 11.30 часот било пријавено дека на улица Драгиша Мишовиќ по претходна расправија 34 годишен Скопјанец со остар предмет му нанел повреда на 37годишен Скопјанец. 

 Повредениот бил пренесен во Градската општа болница ,,8-ми септември“ за укажување на лекарска помош. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот. дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

0 Коментари

Остави коментари