Еден месец притвор за возачот на автобусот кој се преврте кај Славонски брод
Foto

Еден месец притвор за возачот на автобусот кој се преврте кај Славонски брод

Возачот на косовскиот автобус, кој излета од автопатот кај Славонски брод, при што загинаа 10 лица, доби притвор во траење од еден месец проади опасност од бегство, односно напуштање на република Хрватска. Автобусот ќе биде вештачен.

Според полициското соопштение, возачот е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртоносен исход, за што е предвидена казна затвор од шест месеци до 15 години.

Според локалните медиуми  26 патници се пуштени од болницата во славонски брод, од кои некои се враќаат во Германија по сопствен аранжман, додека за дел од патниците, превозот до Косово го организираат косовски официјални лица.

0 Коментари

Остави коментари