Eден од петмината уапсени за протестот во Tетово започна штрајк со глад
Foto

Eден од петмината уапсени за протестот во Tетово започна штрајк со глад

По протестот во Тетово во кој се бараше одговорност за загинатите 14 лица во пожарот во модуларната болница, 5 лица завршија во осумдневен притвор. 

Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот започна штрајк со глад во истражниот затвор „Скопје“. 

Од затворската управа велат дека секојдневно ја следат неговата состојба.

Неговиот адвокат Бешник Хасани вели дека поднеле жалба до Основниот суд во Тетово, бидејќи со доказите кои се доставени до судот не се докажува дека осомничениот Ахмети е виновен за тоа што се товари, освен што е организатор на протестот.

Истрагата пак за причините за пожарот се уште трае. 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараат оставки од премиерот Заев и министерот Венко Филипче за да може да има независна истрага.

Премиерот Заев пак вели дека најпрвин ќе почека да заврши истрагата, заедно со резултатите од вештачењето, по што ќе одлучи за поднесените оставки.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово кој се случи на 8. септември, 14 лица го загубија животот, а 12 беа повредени.

0 Коментари

Остави коментари