Еден загинат, четворица исчезнати по експлозијата во Леверкузен
Foto

Еден загинат, четворица исчезнати по експлозијата во Леверкузен

Еден работник загина, а четворица се водат како исчезнати по денешната експлозија во фабрика за хемиски отпадни материјали во западниот германскиот град Леверкузен.

Во инцидентот, кој се случи утрово, се повредени 16 лица, од кои четворица посериозно. Експлозија во во хемискиот комплекс „Кемпарк“ доведе до пожар во резервоар со растворувачи.

Гаснењето на пожарот мораше да се одложи се додека не се исклучи кабелот за електрична енергија, но набрзо започна, соопштија градските власти.

Експлозијата предизвика огромен облак од црн чад на небото. Германската федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи ја класифицираше експлозијата како „екстремна закана“ и побара од жителите да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите, јави ДПА.

Телевизијата „Ве Де Ер“ цитираше очевидци кои изјавија дека слушнале експлозија и виделе чад како се издигнува од објект на компанијата за хемиски и фармацевтски производи „Баер“.

Полицијата во Леверкузен ангажира голем број свои екипи, а некои патишта се делумно блокирани за сообраќај, поради брза пристапност на службите за итни случаи.

0 Коментари

Остави коментари