ЕСМ ги превзема БЕГ и Топлана Скопје Север
Foto

ЕСМ ги превзема БЕГ и Топлана Скопје Север

Од денеска официјално ќе има решение за парното греење на скопјани до крајот на грејната сезона. ЕСМ ги превзема БЕГ и Топлана Скопје Север, откако вчера Владата го одобри текстот за Договорот за деловно-техничка соработка, а денеска компаниите треба да го потпишат.

Првичните проценки се дека шест милиони евра од државната каса Владата ќе префрли на сметката на ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата и снабдувањето на топлинска енергија од БЕГ, н овие пари се доволни само до крајот на јануари. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека со оваа сума треба да се доплати остатокот од разликата помеѓу реалната и актуелната цена на топлинска енергија од фактурите.

Договорот меѓу ЕСМ и БЕГ се уште не е достапен за јавноста. Според оваа одлука, ТЕ ТО ќе произведува дополнителни количини на топлинска енергија која ќе ја купува ЕСМ, која ќе обезбеди повеќе топлина до крајот на грејната сезона. 

Греењето на скопјани нема да се исклучува во 22 часот, како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија корисниците ќе испорачуваат до 1 часот по полноќ. Во последниот месец скопјани имаа проблеми со парното греење, каде корисниците на Топлана Скопје Север и БЕГ се жалеа на ладни радијатори, а на сметки повисоки за 14%.

0 Коментари

Остави коментари