Федерер по пауза од 13 месеци се врати на терен со победа
Foto

Федерер по пауза од 13 месеци се врати на терен со победа

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, по пауза од 13 месеци поради повреда, денеска се врати на теренот со победа над Британецот Даниел Еванс со 7:6 (10:8), 3:6, 7:5, во рамки на второто коло на турнирот во Доха.

Негов следен противник ќе биде Грузиецот Николоз Базилашвили, кој претходно беше подобар од Малек Жазири од Тунис со 2:0 во сетови.

Турнирот во Доха е од серијата 250 и се игра за вкупен награден фонд од 787.930 долари.

0 Коментари

Остави коментари