Ферстапен триумфираше на ГН на Британија
Foto

Ферстапен триумфираше на ГН на Британија

Макс Верстапен успеа да го изненади Мерцедес на втората трка во Силверстоун, Холанѓанецот со генијална тактика и перфектна трка стигна до победа на ГН на Британија.

Фантастичната трка на Макс Верстапен, возачот на Ред Бул кој со помош на супер тактиката на својот тим, успеа да го победи двоецот на Мерцедес Хамилтон – Ботас, и тоа на Силверстон за големата награда на В. Британија.

Холанѓанецот тргна од стартот како четврти, но знаеше како треба и знаеше што треба да направи. Ова е негова вкупно девета победа во својата кариера. Како втор заврши светскиот првак Луис Хамилтон кој со својот Мерцедес не можеше ништо да му направи на победникот, додека трет е Ботас. Ферари слаб, Шарл Леклер стигна до четвртото место, а Себастијан Фетел дури 12-ти.

Со победата, Ферстапен се проби на втората позиција во генералниот поредок, сега има 77 бода, 30 помалку од лидерот Луис Хамилтон кој додје до 107. Ботас со 73 бода е на третата позиција. Следното формула 1 натпреварување е веќе по седум дена за кога е закажана трката за големата награда на Шпанија.

Инаку со оваа трка се одбележа еден голем јубилеј, 70 години од Формула 1.Следната трка ќе се вози на 16 август во Шпанија.

Следната недела ќе се вози шестата трка од Ф1 шампионатот, домаќин ќе биде Барселона и патеката „Каталуња“.

0 Коментари

Остави коментари