ФИФА и УЕФА се заканија со строги санкции за најавената Суперлига
Foto

ФИФА и УЕФА се заканија со строги санкции за најавената Суперлига

Строги казни за сите клубови и играчи, кои евентуално би учествувале во најавената т.н. „затворена Суперлига“, чие формирање го заговараат неколку европски фудбалски гиганти, најавија денеска ФИФА и шесте континентални федерации.

-Во врска со неодамнешните медиумски написи дека некои европски клубови би можеле да формираат европска Суперлига од затворен тип, ФИФА и шесте континентални федерации (АФЦ, ЦАФ, КОНКАКАФ, КОНМЕБОЛ, ОФЦ, УЕФА). одлучно истакнуваат дека таквото натпреварување нема да го признае ниту ФИФА, ниту која било континентална федерација, се наведува во заедничкото соопштение на челните луѓе на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин, како и претседателите на преостанатите пет континентални фудбалски асоцијации.

Во соопштението, исто така, се нагласува дека ниту еден клуб или фудбалер, кој би учествувал во таквата Суперлига нема да може да настапува на натпреварувањата организација на ФИФА и континенталните федерации. 

Идејата за формирање Суперлига, што би била алтернатива на сегашната Лига на шампиони во организација на УЕФА, веќе неколку години се споменува во медиумите.

0 Коментари

Остави коментари