Филипче на покана на Борисов ќе оди на седница на Влада во Бугарија
Foto

Филипче на покана на Борисов ќе оди на седница на Влада во Бугарија

Министерството за здравство, информира дека министерот д-р Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Северна Македонија да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид 19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

0 Коментари

Остави коментари