Фон дер Лајен: Ја постигнавме целта за вакцинација на населението во ЕУ
Foto

Фон дер Лајен: Ја постигнавме целта за вакцинација на населението во ЕУ

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го пофали исполнувањето на зацртаната цел за вакцинација во ЕУ денеска.

Таа изјави дека денеска е постигната целта од 70 отсто од возрасното население вакцинирано со барем една доза.

Нешто повеќе од половина од населението во ЕУ е вакцинирано со две дози (57 отсто).

- Овие бројки ја ставаат Европа меѓу светските лидери, изјави фон дер Лајен преку соопштение денеска.

Претседателката повика да се продолжи со напорите за вакцинација пред сѐ поради ширењето на делта сојот на вирусот.

- Делта сојот е многу опасен, затоа ги повикувам сите кои имаат прилика да се вакцинираат, за сопственото здравје и за да ги заштитат другите.

И покрај оваа охрабрувачка порака голем број земји на ЕУ ова лето бележат драстичен раст на бројот на новозаразени и се повторно обоени со црвена боја на мапата на Европскиот центар за контрола на болести.

Фон дер Лајен увери дека Европската Унија ќе набави доволно вакцини за сите во ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари