Франција го повлече својот амбасадор од Турција
Foto

Франција го повлече својот амбасадор од Турција

Франција го повлече својот амбасадор во Турција на консултации, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека францускиот претседател Емануел Макрон треба да го провери своето ментално здравје.

Француската Влада ги оцени тие коментари како неприфатливо непристојни.

Ердоган вчера жестоко го критикуваше односот на Макрон кон муслиманите и го доведе во прашање неговото ментално здравје.

- Се што може да му се каже на шефот на државата кој на тој начин третира милиони припадници на различни верски заедници е - прво испитајте го своето ментално здравје, рече Ердоган.

Пред две недели, турскиот лидер ја осуди како провокација изјавата на Макрон за „исламски сепаратизам“ и потребата од „структурирање“ на исламот во Франција.

Предлог-законот за борба против „сепаратизмот“ во Франција, насочен кон радикалниот ислам, треба да биде доставен до Парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларноста.

0 Коментари

Остави коментари