Генералното собрание на ОН во септември ќе се одржи со физичко присуство на светските лидери
Foto

Генералното собрание на ОН во септември ќе се одржи со физичко присуство на светските лидери

Организацијата на Обединетите нации одлучи да им дозволи на светските лидери да присуствуваат на годишниот состанок на Генералното собрание во септември, а оние кои нема да можат да го сторат тоа ќе можат да снимаат говори и да ги испраќаат и оваа година.

Претседателот на Генералното собрание во заминување Волкан Бозкир, поддржувач на средби во живо, синоќа ги извести сите 193 земји-членки на ОН дека се направени значителни напори да бидат домаќини на официјални лица на сесијата од 21 до 30 септември во Њујорк, објави неговиот кабинет.

Пандемијата со Ковид-19 минатата година ги спречи светските лидери да дојдат во Њујорк за првпат во 75-годишната историја на ОН. Наместо тоа, претходно снимените говори на лидерите беа прикажани во салата на Генералното собрание.

Оваа година, некои водачи ќе одржат говори лично во собраниската сала, а други ќе испраќаат видеа, изјави за новинарите заменик-портпаролот на ОН Фархан Хак.

Државите членки (193) ќе можат да го одредат нивото на застапеност на состанокот на високо ниво, официјално познат како општа дебата, се вели во соопштението.

„За да се осигура дека сите земји-членки имаат еднаква можност да учествуваат, постои можност земјите-членки да испратат претходно снимена видео-изјава, ако делегациите не можат да пристигнат“, се вели во соопштението.

Постои зголемен притисок од некои земји чии лидери сакаат да дојдат во Њујорк на седницата, но претседателите и премиерите патуваат со големи делегации, што го отвори прашањето за бројот на луѓе што ќе бидат во седиштето на ОН.

За време на седумдневната сесија, обично има илјадници луѓе во комплексот згради на ОН, а се одржуваат стотици придружни собири, за чие одржување сега не се споменува, но дипломатите на ОН очекуваат скоро сите да бидат надвор од комплексот.

Генералниот секретар на ОН рече дека светските официјални лица ќе можат да имаат билатерални средби, како и обично, во зградата на седиштето на ОН.

0 Коментари

Остави коментари