Герила Акција „Стоп за фрлање храна“
Foto

Герила Акција „Стоп за фрлање храна“

Стоп за фрлање храна“ е насловот на герила акцијата што денеска ја организира граѓанската организација „Банка за храна“ пред влезот на депонијата Дрисла.

Целта на овој настан, како што потенцираат организаторите е да ги „запрат“ СИТЕ кои имаат намера да фрлат храна на депониите и ѓубриштата во нашето општество.

-Генералното собрание на Обединетите Нации во декември 2019 година го назначи 29 Септември како Меѓународен ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (International Day of Awareness of Food Loss and Waste), во таа чест и по тој повод Здружението „Храна за сите – Банка за храна Македонија“ и партнерите ЦБФ Македонија, членки на ВСС Ефект Коалицијата и волонтери од бројни организации решивме на симболичен начин дадеме свој придонес и укажеме на ОГРОМНИОТ проблем од загубите и отпадот во храна, наспроти големата немерлива сиромаштија и глад кои ги имаме во нашето општество, велат организаторите.

Планираните акции се во рамки на одбележување на Првиот Ден Д, 29 септември  Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (IDAFLW), во рамки на Глобалната акција на ФАО и Европската Федерација на Банки за храна – ФЕБА ширум Светот и Европа. 

-Нé секоја храна која завршува на депониите местото и е на тие места, има храна која може да се конзумира од нас луѓето, затоа сме решени да го “сопреме тој егзодус на храна“ кој е производ на нашето несоодветно однесување и постапување со истата. Затоа решивме да застанеме пред Депонијата ДРИСЛА во с.Батинци и да ги проверуваме сите “намерници“ кои имаат намера да фрлат храна!Нашето мото е да ги храниме економиите, а не депониите“се вели во соопштението од организаторите на герила акцијата.

0 Коментари

Остави коментари