Градежна механизација ги отстранува објектите од рекреативниот центар „Треска“
Foto

Градежна механизација ги отстранува објектите од рекреативниот центар „Треска“

Од изградениот со самопридонес, сопственост и гордост на граѓаните полека, но сигурно ги снемува и последните делови од некогашниот префинет убавец спортско-рекреативен центар (СРЦ) „Треска“ кај Скопје.

Општина Сарај реши да урне се' што некогаш беше желба и мечта на скопјани. Денескав на терен градежна механизација ги отстранува бунгаловите, тоалетите, гардеробите, рестораните, кафулињата и сите останати објекти изградени во 70-тите години од минатиот век.

Градоначалникот Блерим Беџети вели дека новиот изглед на СРЦ „Треска“ е негово предизборно ветување и дека градежните работи се во согласност со урбанистичкиот план што претходно го донел Советот на општината. Тој ги отфрла обвинувањата дека на местото ќе никне нов деловно-станбен објект по примерот на оној кај Скопскиот саем. Вели дека обновувањето на овој спортско-рекреативен центар општината ќе го прави заедно со Владата.

Проблем повеќе претставува и дислокацијата на камп-приколките особено на оние кои сопствениците ги заградиле со ѕидови што претставува тврда градба. Рокот за преместување на приколките е до крајот на февруари годинава а градоначалникот Беџети смета дека два месеци се доволно време за да можат сопствениците да решат што ќе прават со приколките.

За да може да гради општина Сарај претходно побара а Владата и' одобри езерото Треска да биде прогласено за слободна туристичка зона а земјиштето околу овој комплекс го пренамени од земјоделско во градежно.

Изградено е во 1978 година Езерото Треска поради загаденост на водата и забрана за капење е затворено во 1998. Беше изградено во 1978 а поради загадувањето на водата во 1998 година езерото беше затворено за капење. Езерото се простира на околу 35 хектари, а додека имаше вода беше длабоко три метри и имаше капацитет за 10.000 капачи.

0 Коментари

Остави коментари