Интерпол приведе 195 осомничени за трговија со луѓе
Foto

Интерпол приведе 195 осомничени за трговија со луѓе

Интерпол соопшти дека се уапсени 195 лица осомничени за трговија со луѓе во Африка и Европа и дека откритието на мрежата утврдило дека има околу 500 лица, жртви.

Операцијата изведена од 28 март до 2 април, била спроведена во 24 земји на два континента, соопшти Интерпол.

Меѓу тие држави се Кенија, Судан, Демократска Република Конго, Мароко, Тунис, Шпанија и Грција.

Интерпол додаде дека импресивна акција била изведена во Судан, каде тамошните безбедносни сили ослободиле околу 100 жртви на трговија со луѓе.

0 Коментари

Остави коментари