Истрага за местење натпревари во српското фудбалско првенство
Foto

Истрага за местење натпревари во српското фудбалско првенство

Фудбалската федерација на Србија потврди денеска дека во тек е истрага за можно местење на резултати на два натпревара во домашното првенство, по информации добиени од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Телевизијата „Спорт Клуб“ објави претходно дека УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.

– Точно е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности кои укажуваат на тоа дека дошло до нарушување на интегритетот на некои натпревари. Процесот пред надлежните органи на ФСС е во тек. Во моментов не можеме да откриеме повеќе детали, а јавноста навремено ќе биде детално известена, изјави портпаролот на ФСС Милан Вуковиќ, цитиран од белградските медиуми.

Сомневањата за наместени натпревари во Србија се појавиле по сомнителни уплати на два натпревара во обложувалници во Европа и Азија.

0 Коментари

Остави коментари