Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, од тимот на Мерцедес е победник во трката за Големата награда на Саудиска Арабија.
Хамилтон, со вчерашната победа се израмни на врвот со Макс Верстапен од Ред Бул, пред последната трка од првенството која е закажана за следната недела во Абу Даби.
Третото место му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес, кој во последните метри го мина Естебан Окон од Алпен.
0 Коментари