Хамилтон со пол позиција најави дека утре ќе се обиде да се изедначи со Шумахер по бројот на победи
Foto

Хамилтон со пол позиција најави дека утре ќе се обиде да се изедначи со Шумахер по бројот на победи

Луис Хамилтон ќе стартува од челната позиција на утрешната трка на патеката во Сочи. Возачот на Мерцедес, беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Русија.

Британецот со денешното возење е решен на утрешната трка да влезе во историјата на Формула 1 и да се израмни со Михаел Шумахер по бројот на победи. Шумахер има 91 победа, а на Хамилтон му недостасува само уште една победа.

На патеката во Сочи Хамилтон постави рекордно време од 1:31:304 минута и тоа беше доволно да стигне до осмата пол-позиција сезонава, а вкупно 96-та во кариерата. Макс Верстапен од Ред Бул стигна до второто место, додека Валтери Ботас (Мерцедес) се најде на третото место.

Од 4. до 10. позиција се најдоа: Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли и Александер Албон.  

Возачите на Ферари повторно имаа разочарувачки квалификации. Себастијан Фетел излета во втората третина од квалификациите, а Шарлс Леклер за неколку илјадитинки не успеа да се пласита во третата третина од квалификациите и ќе стартува од 11 место.

Главната трка за руското Гран-при од шампионатот во Формула 1 ќе се вози утре со почеток во 13:10 часот.

0 Коментари

Остави коментари