Хамилтон триумфираше во супер возбудливиот финиш во „Силверстоун“, втор Ферстапен, трет Леклер
Foto

Хамилтон триумфираше во супер возбудливиот финиш во „Силверстоун“, втор Ферстапен, трет Леклер

Трката за ГН на Велика Британија, на „Силверстоун“ имаше супер возбудлива завршница во која одново победник е Британецот Луис Хамилтон. Тој успеа прв да помине низ целта иако во последниот круг неговиот болид остана со една дупната гума. 

Британецот тргна од пол-позицијата пред клупскиот колега Валтери Ботас кој го следеше во поголемиот дел од трката се додека не му пукна левата предна гума, по што мораше да замине во пит-стоп. На крајот тој го освои само 11-тото место.

Тоа го искористија Ферстапен (го имаше најбрзиот круг) и посебно Леклер и успеаја да стигнат до втората, односно третата позиција во финишот.

Лоша трка имаше и Себастијан Фетел кој заврши како десетти.

Со победата на „Силверстоун“, Луис Хамилтон дојде до седмиот триумф на домашен терен.

Следната трка во Ф1 е повторно на „Силверстоун“, следниот викенд.

0 Коментари

Остави коментари