Хашим Тачи денеска ќе се појави пред специјалното обвинителство за Косово во Хаг
Foto

Хашим Тачи денеска ќе се појави пред специјалното обвинителство за Косово во Хаг

Хашим Тачи на распит во Хаг пред Специјалното обвинителство. Косовскиот претседател се соочува со обвинение за воени злосторства извршени за време на конфликтотр во Косово.

Покрај Тачи, обвинет е и  поранешниот претседател на косовското собранието, Кадри Весели, како и уште неколку други лица. Од обвинителството велат дека Тачи и Весели во изминатиот период постојано се обидувале да ја опструираат и поткопаат работата на Специјалните совети, со цел да не бидат покренати обвинение против нив.

Косовскиот претседател, кој пред седиштето на судот беше пречекан од десетици приврзаници, признава дека можеби во минатото биле направени одредени политички грешки, но и дека во ниту еден момент, не било прекршено меѓународното право.

„Подготвен сум да се соочам со новиот предизвик и да победам за моето семејство, мојот народ и мојата држава. Никој не може одново да ја напуише историјата. Ова е цената за слободата која ја имаме денеска. Верувам во мир и помирување и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи.“ - изјави Тачи.

Претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи вели дека заедно со Тачи ќе излезат како победници во битката која ја водат со судот.

„Оваа битка за Косово ќе биде триумфална, во која повторно ќе бидам со мојот брат во војната, Хашим Тачи. Затоа што нашата ослободителна војна исто така беше исправна и триумфална. Сонцето повторно ќе изгрее.“ - напиша Весељи на Фејсбук.

Жителите на Косово со поделени мислења. За едни, не е направено доволвни во борбата приоотив криминалот. За други пак, одлуката на обвинителството претставува неправда за целата држава.

„Специјалниот суд го направи она што требаше, но сепак мислам дека не направи доволно. Мислам дека треба да се направи повеќе, за да се казнат оние кои извршиле воени злосторства.“

„Лошо, навистина лошо. Каде се обвиненијата против српските злосторници кои го убиваа овој народ?“

Специјалното обвинителство во Хаг покрена обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи, поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весели и уште неколку други лица и сите се сомничат за злосторства против човештвото, убиство, прогони и тортура.

Во обвинението на судот се наведува дека Тачи и Весели  сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства а меѓу жртвите има косовски Албанци, Срби, Роми, но и политички противници.

0 Коментари

Остави коментари