Кицев за тв 24: Вистината има две лица, да не судиме предвреме
Foto

Кицев за тв 24: Вистината има две лица, да не судиме предвреме

Претседателот на македонскиот полициски синдикат Маријан Кицев, рече дека вистината има две страни и посочи дека на втората снимка јасно се гледа дека полицаецот е нападнат.

„Колегите ги пречекориле овластувањата, но причина за тоа е претходниот настан, каде се гледа дека на полицаецот му е одземена гумената палка и е удиран по нозе и во обид да си ја земе палката, тој ја пречекорил силата во афектна состојба.“ - рече Кицев.

Тој апелираше да не се суди предвреме и да се почекаат институциите да одлучат. Тој вели дека има институции кои ја водат постапката треба да седнат на маса сите институции заедно со министерството и да се најде начин да се реши проблемот и да се отфрлат сите стереотипи. Тој апелираше да с смират тензиите во државата.

0 Коментари

Остави коментари