Ќе има ли власта 2/3 мнозинство да ги потврди вонредните состојби?
Foto

Ќе има ли власта 2/3 мнозинство да ги потврди вонредните состојби?

Не извесно е дали вонредните состојби кои ги прогласи шефот на државата Пендаровски ќе го добијат потребното двотретинско мнозинство од народните избраници во законодавниот дом.  Не се исклучува можноста до крајот на месецот да се најдат на разгледување и пред пратениците . Сепак партиите за сега велат не разговарале на оваа тема а од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на новинарско прашање дали ќе ги гласаат велат дека имаат одредени забелешки за дел од нив , но и сметаат дека и до сега требало да се најдат како дискусија пред пратениците .

Од пратеничката група на СДСМ пак велат дека имало неаква кординација кај собранискиот спикер Џафери, но конкретно со опозициската ВМРО ДПМНЕ до сега не дискутирале за тоа . 

Од албанскиот опозициски блок за сега молчат. Од Алијансата за Албанците само кратко велат дека биле дел од лидерските средби со шефот на државата Пендаровски но дополнително ќе изграделе став, како ќе настапат.

Собранискиот спикер Џафери и неодамна на последниот брифингот со новинарите рече дека вонредните состојби треба да се разгледуваат и се пристигнати во законодавниот дом но за тоа е неопходно договор меѓу партиите. 

Доколку за нив не гласаат 80 пратници се довбедува во прашање нивната легитимност . Исто така она што е познато е дека нема пропишан рок до кога тие треба да се стават на собраниска расправа и да бидат гласани .

0 Коментари

Остави коментари